Со задоволство Ви го претставувамe интервјуто со Ивана Стоименовска, психолог вработен во затвор, преку кое ќе можете да прочитате за тоа како изгледа нејзината работа.
Интересно прашање. Работниот ден ми почнува откако ќе го оставам мобилниот телефон надвор од Затворениот дел на затворот кај што јас работам и каде не се дозволени мобилни телефони. Потоа поминувам на скенер каде се проверуваат и осудените лица и вработените во случај на носење на недозволени предмети и потоа се упатувам во мојата канцалрија каде работам во склоп на стручниот тим во Применото одделение каде се вршат проценки на личноста и класификација на осудените лица. Денот обично поминува со вршење разговори и психолоки тестирања на осудените лица кои се потребни за опсервација. Понекогаш денот е потежок, некогаш полесен и сé зависи од бројот на новодојдени осудени лица кои треба да добијат третман за време кое не треба да го помине законскиот рок на престој на осуденото лице во опсервациониот период.
Како што веќе кажав, јас работам во склоп на тимот за опсервација кој што работи во Приемното одделение, или приемниот период и тој тим се состои од педагог, социјален работник и психолог. Работа на психологот е низ разговор да собере информации за личниот живот на осудениот, (неговиот background )почнувајќи од рано детство па се до доаѓањето на осудениот на издржување на затворска казна, вклучувајќи ја и неговата претходна криминална историја доколку ја има, да добие информација за евентуална употреба на психоактивни супстанци или алкохол, да детектира симптом на развој на некоја душевна болест и доколку покажува симптоми на истата да го упати осуденото лице на психијатар, со употреба на најразлични психолошки тестови да одреди некои личностни карактеристики на осуденото лице, и на крај да даде прогноза за однесувањето на осуденото лице додека ја издржува затворската казна, да предложи како да се работи со тоа осудено лице низ третманот и да каже мислење за евентуален рецидивизам на осуденото лице , односно дали би го повторил криминалното однесување или не.
За процесот на ресоцијализација имам многу да зборувам и за жал е многу болно прашање кога се работи за нашата држава. Но, ќе се обидам да одговорам колку што можам пократко. За процесот на ресоцијализација е одговорен секторот за ресоцијализација, каде работат воспитувачи кои работат на третманот на осудените лица кои го добиле од страна на стручниот тим во Применото одделение и на нивните препораки. Во однос на успешноста на ресоцијализацијата, сакам да кажам дека процесот на ресоцијализација не подразбира само работа со осуденото лице во текот на издржување на казната. Процесот на Ресоцијализацијата е комплексен и подразбира успешен третман на осуденото лице во затворот, но и надвор од него, по издржувањето на казната или постпеналниот период. Мора да се изнајдат начини и за подршка на семејствата на осудените лица за тие да можат да ги обноват и зајакнат семејните релации особено по излегувањето на личноста од затвор, односно кога истото ќе се ослободи. Семејството е една од најважните алатки која може да послужи како силна карика во постпеналниот прифат.
Еве еден Пример: Не можеме да зборуваме за успешна ресоцијализација кога имате личности кои потекнуваат од социјално ранливи категории на групи, луѓе кои краделе затоа што немале основни средства за егзистенција и покрив над глава. Како мислите такво лице кога ќе излезе од затвор, кога пак е препуштено на улицата, без работа, без дом и храна , да не се врати во затвор? Како лице од праксата многу пати имам кажано дека државата мора да работи на подобрување на постпеналните политики за да можеме да очекуваме некаков ефект од процесот на ресоцијализација. Дополнително ресоцијализацијата ја отежнува и стигматизацијата на овие лица во нашето општество. Пример, кажете ми кој би сакал да вработи лице доколку знае дека претходно бил осудувано. Мора да се работи и на разбивање на стереотипите во општеството во однос на оваа популација.
И на крај да одговарам на прашањето како ќе знам дека процесот на ресоцијализација е успешен. Многу е едоставно . Кога сето ова што го кажав погоре ќе функционира како што треба и лицето нема да се врати повторно во затвор.
Досега се работеше по стар модел, тоа се редовните програми (морално етичко воспитување, работно ангажирање, образовен процес, слободни активности што опфаќаат спорт, рекреација и културни активности) кои постоеја за осудените лица и вклучуваат индивидуална и групна работа и со нив работат воспитувачите. Во последните неколку години се работи на развој на програми според критериумите на Европската унија. Успешно се пилотираа програми со когнитивно бихејвиорален пристап, дополнително се работи на развој на програми за лица со специфични потреби кои во блиска иднина треба да заживеат. Еве како најнова специфична програма на која се работи во моментот и која се појави како потреба последните неколку години според актуелните случувања е програма за радикализирани осудени лица.
Постојат упсешни приказни сепак, но за жал не можам да издвојам една.
Во когнтивно бихјвиоралната психотерапија наменета за осудени лица постои еден дел кој што се вика „мапирање на престапот“. Кога осуденото лице убаво ќе го анализира своето однесување и мислите и емоциите кои го довеле до извршување на престапот за да ги освести и да ги промени во позитивна насока, тогаш не би се соочиле со повторен престап. Но, пак ќе кажам, се ова би немало смисла доколку не се комплетира процесот на ресоцијализација со постпеналниот третман.
Велат по затворот се познава државата и каква е состојбата во неа. Кога во државата би почнал да функционира системот на еден поинаков начин не би имале толку криминалци. Но, тоа е друга тема на која треба да дискутираат други лица соодветни за овие проблематики.
Секоја личност е приказна за самиот себе и од тие причини не би сакала да генерализирам.
Да сфатиш дека кога еднаш ќе влезеш да работиш со таква популација ќе мораш да заборавиш на Егото и да го оставиш пред врата. Сите тие луѓе не трпат кога некој ќе им покажува моќ и сила. Па, всушност тие и заради спротивставување на одредени закони и сили се нашле во затвор и доколку ја креваш главата високо, прашање на време е кога тие ќе ти го покажат спротивното. Уметност е да ја спуштиш моќноста на нивно ниво и од таа позиција да бидеш водич кон промена. Уметност е во таква средина да не судиш на никого (на нив судот им пресудил), туку да можеш да разбереш зошто некој направил извесно кривично дело и да работиш на тоа. Уметност е да ги ставиш нивните очила и да го видиш светот преку нивната призма. Тоа не го може секој и за мене тоа е предизвик за секој кој што би сакал да работи со осуденичка популација.
Не можам да кажам дека има некоја битна разлика во однесувањето на осудените лица кон вработените во однос на полот. Ви кажав и претходно, таму полот нема никаква улога битен е односот вработен и осуден и од тука почнува приказната наречена издржување затворска казна.
Да, понекогаш знае да биде доста исцрпувачка.
Во текот на работниот ден со моите колеги често употребуваме хумор и тоа многу знае да на олабави. Во таква средина се случуваат најразлични ситуации кои многу пати знаат да нé насмеат, па дури и кога биле стресни и напорни случки после извесен период ги прераскажуваме на еден специфичен, јас би го нарекла „наш затворски хумор“. Знаете, мора сами да си изнајдеме начини за вентилирање на негативните емоции зошто во спротивно би можеле негативно да се одразат врз нашето ментално и психичко здравје. Кога се вработив често пати по завршувањето на работниот ден се фаќав во ситуации како размислувам за нечија живтона приказна во зависност од тоа во какви тешки животни околности живеело одредено осудено лице и тоа навистина ме исцрпуваше. Со тек на време научив работата да си ја оставам на работа, па така денес кога ќе излезам од работа знам автоматски како на прекинувач да го исклучам целиот работен ден што сум го поминала на работа. Дури и кога некој ќе ме праша како сум поминала на работа ми треба извесен период со мислите да се вратам таму и да помислам што се случувало тој ден. И самата некогаш се зачудувам како успеав тоа да го постигнам. Но, мислам дека со тек на годините самото искуство те учи како да ги надминуваш потешкотиите кои си ги имал. И еве тоа е мојот начин да си ги обновувам енергијата и духот.
За сé во животот сакав да знам зошто одредена појава или состојба се случува, посебно за тоа како функционира човечката психа. Отсекогаш ме интересирале криминогените личности и нивната психологија. Уште од дете сакав да знам што се случува во нивниот ум, особено кога гледав филмови со криминалистичка содржина. Се запишав на психологија и понатака магистрирав во областа на социјалната и судската психологија обидувајќи се да бидам поблиску до одговорите. Одговорите во 100% никогаш не можете да ги добиете зошто и самите знаете дека психологијата е многу апстрактна. Но, секогаш ме мотивира можноста да добијам сознание за нешто ново, и тоа да ме однесе во друг правец па таму да наидам на поле што повторно би сакала да го истражувам. Секогаш ме мотивираат работи кои нудат можност да истражуваш, да учиш нови работи и да работиш на својот личен раст и развој. Психологијата го нуди токму тоа и еве ова нека биде мотивација и за вашите студенти кои се запишале или кои планираат да се запишат на психологија. Исто така да знаат дека доколку завршат факултет по психологија тоа не ги прави добри психолози, дека секогаш треба да се стремат да се усовршуваат во одредена проблематика на психологијата која за нив е интересна и никогаш да не сакаат да престанат да учат.
Никој не е совршен и не се сите исти. Секој позади себе има одредена животна приказна која е специфична само за него и која го довела до моменталната ситуација каква и да е таа. На тебе е задача да бидеш човек и доколку можеш да направиш на некого барем за малку да се почувствува подобро, направи го тоа. Задоволството е секогаш поголемо кога ќе видиш дека ти си придонел за некој да се почувствува подобро. Омразата и високото его не ни носат ништо добро, единствено нешто кое што можеме да добиеме како подарок од омразата е деструктивност или автодеструктивност. За жал во нашата држава се повеќе расте омразата и непочитувањето на различните од нас и тоа за жал е погубно за општеството.
Вака во прв момент ми доаѓа книгата „Степскиот волк“ од Херман Хесе, мислам дека ја прочитав некаде во почетокот на студентските денови и допре до мене бидејќи многу прашања ми се отворија за размислување во книгата на кои дотогаш немав наидено во друга книга и тоа на еден интелигентен и метафоричен начин и пак се работи за повеќестраната и недефинирана природа на секоја човечка душа. За вечната борба меѓу конвенционалниот живот исполенет со норми и ограничувања и нагоните кои живеат во секоја личност кои водат вечна борба против вештачки создадениот конформистички живот. Книга во која се зборува за револтот против просечноста и малограѓанштината и живеењето без подлабоки амбиции и цели на што особено треба да размислуваат младите луѓе бидејќи тие се двигателите на идното општество. Ми има оствено голем впечаток и „Кога Ниче плачеше“ и „Лекување со Шопенхаупер“ од Ирвин Јалом. Во моментот читам стручна литература, се подготвувам за мојот испит од семејна и системска психотерапија.
Бев на службено патување во Р. Ирска и ги посетив некои од затворите таму и според многу статистики нивниот затворски систем е меѓу најдобрите во Европа. Тие служат како пример по кој што работат многу затворски системи од светот. Условите за осудените лица, начинот на организација на нивните дневни активности, обуките кои што постојат за работно оспособување со кои што добиваат сертификати за работа со кои можат да работат во било која земја на Европа, придонесот на затворениците за граѓанската заедница од хуманитарен карактер итн. Од нив би можеле многу да научиме.
Никогаш да не им престане желбата за учење.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |