Вкупно шест студенти од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Get Involved for a Clean Community!“. Младинската размена започна на 19. април 2024 година, а траеше до 28. април 2024. Учесници во младинската размена беа:
Целта на проектот беше да ја зголеми свесноста за климатските промени и важноста од активно учество во заедницата за борба против овој феномен. Во текот на размената, учесниците организираа кампањи за подигање на свесноста и научија како да рециклираат и повторно да користат различни видови отпад, со цел создавање на почиста и поздрава заедница.
Нашите студенти покажаа голема посветеност и ентузијазам во текот на целата размена, активно учествувајќи во сите активности и придонесувајќи кон успехот на проектот. Ова искуство ги збогати нивните знаења за климатските промени и ги инспирираше да станат активни членови на своите заедници.
Горди сме на нивниот ангажман и се надеваме дека овој проект ќе биде пример за многу други млади луѓе да се вклучат во иницијативи кои имаат позитивно влијание врз нашата животна средина. Меѓународен Славјански Универзитет ќе продолжи да поддржува и промовира вакви проекти кои придонесуваат за глобалното добро.