По потпишувањето на Договорите за соработка на 28 мај 2021 помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институтот за култура и уметност при МСУ и Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања, при Универзитет во Крагуевац, започнавме со нивна реализација на 14 и 15 јули 2021 година во Врњачка Бања.
На 14 јули и 15 јули 2021, нашата делегација предводена од проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, професор на Факултетот за психологија и директор на Институтот за култура и уметност при МСУ „Г. Р. Державин“ и доц. д-р Габриела Крстевска од Фаултетот за економија и организација на претприемништво при МСУ и претседател на Научниот совет при Институтот за култура и уметност при МСУ оствари средба со претставници од Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања.
Во просториите на Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања, се разговараше за два предлог проекти со цел соработката да придонесе за развој на регионот на повеќе нивоа (образовен, културолошки, социолошки, антрополошки, економски, туристички, психолошки).
На работната средба беа присутни Деканот на Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања, проф. д-р Драго Цвијановиќ, продеканката за настава проф. д-р Маја Костиќ, проф. д-р Андреј Мацовиќ како и тимот кој ќе работи на конкретните предлог проекти во наредниот период.
На средбата се разговараше за можноста да оствариме меѓународна соработка со други партнери од соодветни образовни институции од регионот, како и за можните извори на финасирање на проектите кои ќе бидат дел од нашата соработка.
Исто така беше дискутирано и за можноста за ангажирање на наставниот кадар за потребите на факултетите.