Денес на 12.05.2017 во 11:00 часот, СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе ги отвори вратите за учениците од основните училишта. Целта е идните средношколци да се запознаат со природните науки, општествените науки, како и профилите кои се во склоп на училиштето.
Училиштето покрај едукативната страна, ја покажа и страната на забавата и слободното дејствување на учениците. Учениците од СОУ „Кочо Рацин“ имаа подготвено кратка забавна програма, чиј специјален гостин беше познатиот македонски пејач и наш студент Димитар Андоновски.
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ исто така зеде учество на отворениот ден на СОУ „Кочо Рацин“.