Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ денес присуствуваа на осмата роденденска забава на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост – Свети Николе. На настанот претставниците на нашиот универзитет ја проследија програмата организирана од Дневниот центар и на корисниците им поделија подароци по повод претстојните празници.