На Велики Четврток претставници од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ прусуствуваа на манифестацијата „Хуманитарното велигденско јајце“ организирана од хуманитарното здружение Кралицата Есма и Стево Теодосиевски.
Посетителите носеа бојадисани јајца кои се натпреваруваа во три категории, а по доделувањето на наградите јајцата се лицитираа, а собраните средства беа донирани за матура на децата матуранти од СОС Детското село и Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.