Почитувани студенти, вработени и соработници на МСУ,
Меѓународен Славјански Универзитет го започна процесот на ребрендирање, а целта на ребрендирањето е полесно препознавање на универзитетот во меѓународни рамки. Со тоа сакаме да создадеме подобри шанси за нашите студенти и нашите вработени. Како што веќе знаете, МСУ на своите студенти и професори им нуди можности за студентски размени и учество во проекти преку повеќе меѓународни програми. Новиот бренд беше предложен со цел подобро да го претстави универзитетот во светски рамки и да го претставува регионот во кој работиме. Новиот бренд ја поддржува нашата стратегија за интернационализација и плановите да воведеме нови програми и да го зголемиме бројот на интернационални студенти.
Во иднина сакаме да ги обезбедиме најважните и најпрестижните меѓународни акредитации за нашите факултети, посебно EQUIS, AACSB и AMBA за студиските програми на Факултетот за економија и организација на претприемништвото.
Новото име на англиски јазик обезбедува подобри можности за споделување на нашите активности со нашите партнери (кои во моментов се повеќе од 300 по сите меѓународни програми) и влијанието на универзитетот во меѓународната средина. Сето горенаведено е земено предвид и комбинирано во новото предложено име на нашиот универзитет.
Доколку имате некои прашања во врска со новиот бренд ве замолуваме сите прашања да ги упатувате на info@msu.edu.mk за да се избегне можноста да добиете погрешни информации. Ве молиме во врска со промената на името информирајте се исклучиво од официјалните канали на МСУ.
На редовниот координативен состанок на Ректорската управа одржан на ден 09.03.2022 беше прифатено визуелното решение за новиот грб на МСУ и истото е доставено како предлог до Сенатот на МСУ, со што треба да започне официјалната постапка за ребрендирање на универзитетот. Официјална одлука за промена на името на универзитетот се уште не е донесена од Сенатот и доколку се одлучи да биде направена промената, тоа е постапка која ќе трае повеќе време, можеби и една година.
Меѓународен Славјански Универзитет е потполно македонски универзитет, запишан во регистарот на високообразовни установи, основан со 100% македонски капитал и акредитација на сите програми во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Сите програми на МСУ се акредитирани во МОН во Република Северна Македонија и после промената на името истите ќе продолжат на функционираат како што функционираа досега – на македонски јазик. Ребрендирањето произлегува од потребата универзитетот да добие име кое ќе биде полесно препознатливо во меѓународните односи, а не од други причини. Новото име нема да промени ништо во начинот на студирање. Ако промени нешто, тоа секако ќе биде на подобро.
Самото менување на името не прави никаква промена во моделот на студирање, во акредитацијата на програмите и во структурата на универзитетот, ниту пак ќе има некакви последици за студентите и за вработените на МСУ. Менувањето на името е едноставно менување на името и не треба да биде толкувано како ништо повеќе од тоа.
Вие ќе ги продолжите студиите на програмите на кои сте запишани на јазикот на кој досега студиравте. Точно е дека наскоро сите содржини, како и сите студиски програми ќе бидат достапни на англиски јазик. Македонските програми нема да бидат укинати. Ние едноставно ќе воведеме нови програми на англиски јазик и ќе ги прилагодиме постоечките содржини на англиски јазик. Ништо повеќе од тоа.
Досега издадените документи од МСУ се важечки и промената на името не менува ништо во документите кои се веќе издадени, ниту во договорите кои се потпишани. Доколку во иднина има потреба да се променат постоечките документи – индекс и сл. за тоа ќе бидете навремено известени, ако универзитетот биде официјално ребрендиран.
Со почит,
Претседател на Управен Одбор,
проф. д-р Јордан Ѓорчев
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |