Селчук Чајир од Универзитетот „Бинали Јилдирим“ од Ерзинџан, Република Турција деновиве e во посета на Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе на 6 јуни 2023 година оствари средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, со заменик претседателот на Управен одбор на МСУ, м-р Борче Серафимовски и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.