„Инклузивна училница – Од теорија до пракса“ е осмото предавање во рамките на Платформата за психолошка поддршка. Предавањето се одржа на 10.05.2022 година со почеток од 19:00 часот.
Предавањето го водеше доц. д-р Горица Поповска Налевска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет и имаше над 500 учесници.
Предавањата во рамките на платформата за психолошка поддршка се бесплатни и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.