Се одржа Еразмус+ инфо сесија за студентите на МСУ

Рекорден број на учесници на четвртиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова
29 јануари 2021
Се одржа онлајн работилницата „Невромаркетинг – револуционерно поле на маркетинг истражувања“
30 јануари 2021

Се одржа Еразмус+ инфо сесија за студентите на МСУ

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше инфо сесија за студентите на која се презентираа можностите за мобилност на студенти во рамките на Еразмус+ програмата. Настанот се одржа на 29 јануари со почеток од 12:00 часот преку платформата Zoom и учество земаа над 25 заинтересирани студенти од МСУ.

Настанот го водеше актерот (и наш студент) Марјан Ѓорѓиевски, а можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата ги презентираа доц. д-р Самоил Малчески, проф. д-р Иван Ефремовски, проректор за настава, и м-р Михаела Ѓорчева, Еразмус+ координатор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.



На настанот своите Еразмус+ искуства ги споделија студенти од МСУ кои веќе беа на мобилност – Наталија Ристеска и Камелија Илиева во Ниш, Србија; Бојан Димески во Фоџа, Италија и Данче Митева во Трнава, Словачка.