
Отворен ден на МСУ за матурантите од Охрид, Струга и Прилеп
20 април 2016
Потпишан договор со Липецкиот државен универзитет
26 април 2016












На 23-ти април, сабота, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе (во конгресната сала на Ресторан Москва) во 13:00 часот се одржa мал САЕМ НА РАКОТВОРБИ насловен „Жената – корен на традицијата“.Ова беше еден вид изложба на ракотворби од жени од македонска и руска националност, кои со својата умешност создаваат уникатни примероци на народни везови, кутии за накит, филигран, слики изработени со срма до пирографија, монистра, филц и посебни техники кои досега не се презентирани.
Ракотворките се афирматори, презентери и амбасадори на своето културно и национално богатство. Настанот беше збогатен со културно – уметничка програма со руски репертоар. Настапија Дарко Тодоровски – оперски пејач, дует – Чајка, мандолински оркестар „Свети Николај” и Благојка Филипчева (поетеса).



