Денес, 5 јули 2021, организиравме ручек за професорите кои работеа и се пензионираа на МСУ.
Чест и задоволство ни беше да ги поканиме и угостиме нашите пензионирани професори. Иако сите професори кои се пензионираа на МСУ не беа во можност денес да бидат присутни, ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите за вложениот труд и енергија.
Со вашето учество во работата на МСУ и вашиот придонес помогнавте за развојот на нашата високообразовна институција. Вие оставивте значаен белег на нашиот универзитет и на многу генерации на студенти.
Со почит,
Тимот на МСУ.