како што беше најавено, резултатите од Првоаприлскиот конкурс ги објавуваме денес, на 2-ри април. Пристигнаа 460 креативни маски од повеќе генерации. Виртуелната изложба се одржа на 1-ви април со почеток од 19:00 часот. Кликнете овде за да ги разгледате сите пристигнати маски.
Поради големиот број квалитетни дела, наместо ветените 3 награди, комисијата одлучи да додели вкупно 26 награди. Наградите првично беа планирани за индивидуални натпреварувачи, но поради големиот број на групни маски, комисијата одлучи за секое од првите три места да издвои уште по една награда. Со тоа, имаме по две први места, две втори и две трети места.
1 место – златна плакета + комплет за сликање со платно
2 место – сребрена плакета + книги + комплет за сликање
3 место – плакета + комплет за сликање
Дополнително, доделуваме и 20 пофалници за маските кои влегоа во потесниот избор. Заедно со пофалниците, учесниците ќе добијат и по еден подарок од нашата официјална издавачка куќа, Меѓународен центар за славјанска просвета.
Сите останати учесници ќе добијат електронски сертификати за учество во тек на месец април. Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец април за доставата на наградите.
1 место – индивидуална маска – Елисавета Илиевска, Крушево
1 место – групна маска – ЦПЛИП – Порака, Штип
2 место – индивидуална маска – Антонио Ѓурчиноски, Дебреште