Четвртиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова се одржа на 28-ти јануари од 21:00 часот и разбуди голем интерес кај учесниците. На четвртата дискусија на тема „Психологија и пропаганда“ имаше над 220 учесници преку платформата Zoom. Гостин на настанот беше актерот Марјан Ѓорѓиевски.
Вечерните дискусии се одлична прилика за студентите, професорите и сите други вљубеници во психологијата да се дружат во опуштена атмосфера, дискутирајќи за теми кои ги сакаат и кои се дел од нивното секојдневие. Четвртиот дел од вечерните дискусии траеше 2 часа.
По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници.
Втората дискусија исто така беше бесплатна и се одржа на 17-ди декември 2020 на тема „Цртите на личноста и асертивноста“. Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа, а имаше над 140 учесници.
Третата дискусија, како и претходните две се одржа бесплатно на 14-ти јануари на тема „Мотивација“ на која имаше околу 200 учесници.
Петтиот дел од дискусиите ќе се одржи на 11-ти февруари. Регистрирањето е преку следниов линк.