Во среда, на 06 ноември 2019 година во просториите на Народен театар – Битола се одржа предавање на тема „Како да излеземе од нашата комфорна зона“ каде предавач беше проф. д-р Зендел Абедин Шехи од Европскиот институт за право, дипломатија и менаџмент.
Како партнер институција на овој настан е Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кој соработува веќе 2 години во континуитет со цел одржување на работилници низ цела држава.
Претставник на оваа институција, проф. д-р Јагода Митревска одржа говор пред присутната публика и назначи дека ваквиот тип на соработка е плодотворен и ги отвора полињата на високообразовните институции со што и присуството на нашите студенти е постојано со цел нивно лично и професионално надоградување и надвор од рамките на формалното образование.
Професорката исто така истакна дека и понатамошните вакви обуки ќе имаат влијание врз изградувањето на личноста на нашите студенти.
Квалитетот на взаемната соработка на овие две институции се покажува и преку големиот интерес на граѓаните кои беа присутни во голем број – околу 600 граѓани од Битола и пошироко.