Проф. д-р Орце Симов предавач на работилница за развој на иновации на мали и средни претпријатија

Гостување на претставници од Великотрновскиот универзитет во рамки на Еразмус+ програмата
11 ноември 2019
Работилница „Како да излеземе од нашата комфорна зона“ во соработка со Европскиот институт за право, дипломатија и менаџмент
12 ноември 2019

Проф. д-р Орце Симов предавач на работилница за развој на иновации на мали и средни претпријатија

На 8-ми и 9-ти ноември во Охрид деканот на Факултетот за информатика при МСУ, проф. д-р Орце Симов беше предавач и модератор на дводневна работилница за размена на искуства за развој на иновации на мали и средни претпријатија на тема „National experience exchange workshop on SME’s innovation development approach“.

Работилницата се одржа во рамки на проектот „Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“ („Innovation Hub: Comparative Advantage for Greater Competitiveness“). Целта беше размена на искуства за развој на иновации на мали и средни претпријатија, согласно темата „National experience exchange workshop on SME’s innovation development approach“. На настанот присуствуваа повеќе од 150 учесници.