Денес во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ректорот со свечен говор им го честиташе почетокот на новата академска година на бруцошите кои одбраа да студираат на еден од петте факултети во Свети Николе.
Со свои поздравни говори се обратија и деканите на петте факултети при МСУ.
Настанот беше отворен со свечен концерт на две вокални солистки од градот Електростаљ, Русија.
Исто така, беше отворена и изложба на уметнички слики организирана од ЗЛУ „Овчеполски Спектар“, каде беа изложени дела на 8 автори од Свети Николе.