Иновативни боенки подготвени од нашите студенти

Поетот Василе Димески е добитник на наградата „Державин“ за 2017 година
10 септември 2017
Прв академски час – свечено врачување на индекси во Св. Николе
15 септември 2017

Од денес во Македонија во продажба се пуштени иновативни боенки кои ги инспирираат децата да започнат да се занимаваат со креативни активности. Станува збор за Смарт боенки, кои може да се користат заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и на екранот ги прикажува 3D ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!

Смарт боенка – Принцезата Лиле

По Pokemon Go, во Македонија доаѓаат смарт боенките со ликови кои оживуваат директно на екранот од Вашиот смартфон или таблет.Секоја од нашите боенки може да се користи заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и ги вчитува ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!

Posted by Смарт боенки on Tuesday, September 12, 2017

„Боенките се многу важни за развивањето на креативноста кај децата и уште од рана возраст им нудат можност креативно да се изразат. Но, со појавувањето на дигиталните уреди, децата почнаа да стануваат незаинтересирани за ваквиот начин на изразување. Затоа, ние создадовме мост помеѓу вистинскиот и дигиталниот свет.“ – вели тимот од студенти кој стои зад овој проект во Македонија.

Проектот траеше 3 месеци (јуни, јули и август 2017), а на него работеа студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кои студираат на Факултетот за информатика и Факултетот за економија и организација на претприемништвото. Проектот беше реализиран со помош на издавачката куќа на универзитетот, каде се вршеа сите дизајни.

Проектот е работен по лиценца на руска компанија, која се труди да пронајде иновативни начини да ги поттикне децата да ги користат книгите.

Апликацијата за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов). За да може да се користи апликацијата, потребно е да го внесете кодот за активација кој се наоѓа под грепката на задната корица од боенката. Секоја боенка доаѓа со уникатен код за активација кој е генериран за секој примерок од боенката посебно. Од страна на издавачот се преземени сите мерки за заштита на кодот.

Во првиот месец (до 12.10.2017) боенките ќе се продаваат по промотивни цени и ќе бидат достапни за порачување на следнава веб страница https://smartboenki.mk/.