Во преполниот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Кети Несторовска, се обрати пред бруцошите и им посака успешна академска година.
Со свои поздравни говори се обратија и деканите и продеканите на петте факултети при МСУ.
Годинава за првпат истовремено започна првиот академски час во Свети Николе и во Битола, а беше остварена и директна видео врска помеѓу кампусите во Битола и Свети Николе.