Делегација од МСУ во посета на ИТ Парк
26 октомври 2022Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори – 5
26 октомври 2022На 7 и 8 октомври 2022 година, во хотел Шератон, Загреб, Хрватска, на покана од организаторот, професорот Васко Стамевски, проректор за меѓународна соработка на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше на 7 (седмиот) Меѓународен безбедносен форум во Загреб. Форумот беше во организација на Институтот за истражување на хибридно војување, заедно со партнерите и помагачите, насловен „Хибридни закани и отпорност на општеството, критичната инфраструктура и државата“.
Целта на форумот беше идентификација и справување со сложените форми на хибридни закани за општествата и институциите со цел да се организира ефективна и првенствено превентивна заштита на основните општествени вредности, демократскиот систем на вредности, критичната инфраструктура, особено енергијата, информациите, комуникациите и сајбер просторот. Со активното учество на меѓународниот организациски комитет составен од признати експерти, форумот стана редовен и водечки годишен состанок на експерти за заштита на критичната инфраструктура во Југоисточна Европа.
Форумот беше одржан во два дена и имаше неколку панели кои се однесуваа на:
- Трансатлантска соработка и новата безбедносна архитектура;
- Хибридно војување во Источна Европа;
- Хибридни закани, НАТО и национални студии на случај;
- Хибридни закани во регионален контекст;
- Паметна заштита на критичната инфраструктура и хибридните закани.
На форумот учествуваа неколку панелисти како и гости од голем број на држави, членки на НАТО и членки кои имаат интенција да се вклучат во Алијансата.
Исто така, овој меѓународен настан беше следен (онлајн) и од 11 студенти на Факултетот за правни науки при МСУ (трета и четврта година), што за нив претставуваше важно искуство. Тие преку ова учество добија информации за тоа, како и на кој начин, европските држави се справуваат со хибридните закани и заштитата на критичната инфраструктура.