Успесите на нашите студенти се и наши успеси! Застапеност на психолошкото во законот за детска заштита во земјава е тема на книгата на м-р Андријана Паскоска и проф. д-р Мирослав Пендароски, која месецов беше промовирана во Битола.
Книгата е екстензија на магистерскиот труд на нашата студентка м-р Андријана Паскоска, а коавтор е проф. д-р Мирослав Пендаровски од Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Промотор на книгата беше проф. д-р Марија Котевска-Димовска, психолог, гешталт психотерапевт.