Денес на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола со почеток во 12:00 часот свечено беше промовирана книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев.
Прекрасната енергија и воспевањето на музиката како универзална вредност започнаа да ја градат младите талентирани уметници, а со своите говори говорниците проф.д-р Јордан Ѓорчев, основач на Славјанскиот универзитет и професорките Марина Коруновска и Маја Митровска, направија одличен вовед за промоторот Владо Ѓорески да кулминира со својата сензитивност и инспиративен говор поврзан за делото на авторот и целокупниот процес.
Секако дека неизбежни беа емотивните изливи на авторот, академик Георги Здравев кој се заблагодари на своите најблиски соработници за ова негово животно дело и на универзитетот кој реши да го издаде преку својата издавачка куќа МЦСП.
Беа изведени неколку музички дела од ученици од класите по соло пеење од Државно Музичко Училиште -Битола: Елеонора Џоџоска, Михаела Пееска, Елена Башеска, Јована Котевска и Ангела Трајчевска и ученици од школата Korunovska music & singing: Мартин Димитриевски, Александар Гацоски во пијано придружба на проф.м-р Александра Јанковска и Томе Спасовски.
Задоволство беше денес да се воспева музиката преку делото „За музиката“.