Денес, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше промовиран Зборникот „Рускиот императорски конзулат во Битола 1861-1915“. Промотор на зборникот беше проф.д-р Билјана Ристовска – Јосифовска.
Помеѓу говорниците беа претставници од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, како и директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Драги Ѓорѓиев.