Проректорот за меѓународна соработка при Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Васко Стамевски, со излагање на тема: „Безбедносни ризици и закани за Република Северна Македонија – превенција и спречување на глобално и локално ниво“ учествуваше на Меѓународната научна конференција „Источна и Југоисточна Европа – безбедносни закани и предизвици“ која се одржа од 2 декември до 3 декември во Белград, Србија.
Конференцијата беше организирана од Институтот за национална и меѓународна безбедност – ИНИС, од Белград, заедно со Маѓународниот Славјански Универзитет, како еден од партнерите кои учествуваа во организацијата.
Настанот со свое обраќање го отвори проф. Eмеритус д-р Алекс П. Шмид, истакнат соработник во Меѓународниот центар за борба против тероризмот (ICCT) и директор на Иницијативата за истражување на тероризмот (TRI).
На меѓународната конференција учествуваа над дваесетина експерти од повеќе држави во светот. Повеќе за конференцијата можете да прочитате овде.