На Третиот собир на психолози организиран од Комората на психолози на Р. Северна Македонија на проф. д-р Диана Белевска и беше врачено Признание за долгогодишен придонес на развој на психолошката наука и дејност. Проф. д-р Диана Белевска е еден од првите основачи на Комора за психолози, чија лиценца е со број 001, а на Факултетот за психологија при МСУ е ангажирана како редовен професор на прв и втор циклус студии.
Горди сме што нашите студенти имаат можност да учат од врвни професионалци како проф. Белевска, чии достигнувања се широко препознатливи!