Преговори со ЕУ – Информативно едукативна сесија за студентите од МСУ
29 октомври 2020Известување и пријавување за ноемвриска сесија
2 ноември 2020Наше големо задоволство е да ве поканиме да бидете дел од нашите „Денови на психологија”. Кликнете овде за да се пријавите. Годинава за првпат настанот ќе се одржи целосно онлајн преку платформата Zoom и ќе биде бесплатен за сите учесници.
Настанот ќе започне на 21 ноември (сабота) од 10:00 часот. Линк до настанот на Фејсбук. Деталната програма ќе биде достапна наскоро.
Доколку сте студенти на психологија, или едноставно ја сакате психологијата ова е вистинскиот настан за вас! Доколку сакате да научите повеќе за оваа наука, сакате да се дружите и да запознаете други истомисленици и психолози, тогаш не ја пропуштајте оваа прилика! „Деновите на психологијата“ се создадени за да можете да видите и научите повеќе за оваа наука, да видите и научите како изгледаат предавањата и практичните работилници на психолозите.
Што добивате?
- На 21-ви ноември (сабота) за вас ќе бидат поканети врвни психолози подготвени да ви ја доближат работата на психолозите во сите институции,
- Ќе имате можност да се запознаете со многу техники кои се користат во психологијата,
- Присуство на интерактивни предавања и работилници,
- Онлајн кафе дружба на паузите,
- Можност за дискусии на разни теми,
- Електронски сертификат.