Меѓународен Славјански Универзитет продолжи со презентирањето на своите студиски програми пред матурантите. На 23 март 2023 година (четврток) се одржа презентација на наставните програми пред матурантите од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар. Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, како и останатите отворени конкурси.