На 23 март 2023 година во Мисија на ОБСЕ, Скопје со почеток од 11:00 часот се одржа дискусија со чадор организациите и средношколската унија. На дискусијата присуствуваа и претставници од Меѓународен Славјански Универзитет.
Дискусијата беше со цел адресирање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во Р. С. Македонија и нивното понатамошно земање предвид при креирање нацрт верзија на новата Национална стратегија за млади. Дискусијата беше организирана од Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УНДП и УНФПА.