Предавање за Еразмус+ програмата на МСУ во Свети Николе

Отворен бизнис ден на презентација на IBA
8 април 2019
Наградени најдобрите матуранти на #DerzhaWIN2019 во Битола
13 април 2019

Предавање за Еразмус+ програмата на МСУ во Свети Николе

Меѓународен Славјански Универзитет ,,Г. Р. Державин“ како член на Еразмус + програмата им нуди можност на своите студенти, професори и административен кадар кои се дел од оваа институција да остварат мобилност во рамките на претстојните академски години.

Студентите ќе имаат можност да поминат еден семестар на еден од нашите партнерски странски универзитет во друга земја и тоа целосно финансиски покриено од оваа програма.

Со цел подетална промоција на можностите кои ги нуди оваа програма, одговорните лица за високо – образовни институции од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе остварат информативна сесија  просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола и во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти и професори од оваа институција да бидат присутни на 17.04.2019 (среда)  во 12.00 часот во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе за да ги слушнат придобивките од оваа програма.