Отворен бизнис ден на презентација на IBA

Студенти од Русија на Мастер студии на МСУ
6 април 2019
Предавање за Еразмус+ програмата на МСУ во Свети Николе
12 април 2019

Отворен бизнис ден на презентација на IBA

Заедно со Економски факултет – Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana) љубезно Ве покануваме на Отворениот бизнис ден на презентација на IBA (Master programme).

Презентацијата ќе се одржи на 🗓 09 Април 2019 год. (вторник) со почеток од 🕕 12:30 часот во📍 Стопанска комора на Македонија (кат 5, сала 4).

На настанот ќе се обрати деканката на Економскиот факултет – Љубљана, проф. д-р Метка Текавчиќ.

Гостин кој ќе има излагање на тема Short look on the Future of European Union: between peace, global competitiveness and #investEU ќе биде д-р Андреја Кодрин, висок и важен претставник и лобист на Словенија во ЕУ и член на Инвестициски Комитет на EFSI – European Fund for Strategic Investments, Главен извршен директор на Third Millennium Knowledge; Главен извршен директор на Quintaum и основач и претседател на Challenge: Future.