Денес, 18.12.2015, во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Судски Совет на Република Северна Македонија.
Потписници на Меморандумот беа доц. д-р Александар Илиевски, Декан на Факултетот за правни науки и Претседателот на Судскиот Совет, господинот Бранко Ушковски.
Со потпишувањето на овој Меморандум Судскиот Совет на Република Северна Македонија ги отвора своите врати за нашите студенти за изведување практична настава и соработка на различни полиња.