Потпишан договор за последипломски студии со Економскиот факултет од Љубљана

Наградени најдобрите матуранти од интелектуалната игра #DerzhaWIN
30 април 2018
Упис на последипломски студии по програмата на Економски факултет од Љубљана – 2018/2019
4 мај 2018

Потпишан договор за последипломски студии со Економскиот факултет од Љубљана

На 30 април 2018, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше потпишан договор за соработка со Eкономскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).

Договорот беше потпишан од страна на ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и деканот на Eкономскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, проф. д-р Метка Текавчиќ.

Предмет на овој договор е заедничка организација и имплементирање на Програма за последипломски студии за Бизнис и организација. Заедничката програма за последипломски студии во Република Македонија ќе започне да се реализира во студиската 2018/2019 година.

Ова значи дека идните студенти ќе може да студираат на Славјански, а да се стекнат со диплома од Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, кој е најдобро рангиран универзитет во Словенија.