Наградени најдобрите матуранти од интелектуалната игра #DerzhaWIN

Доц. д-р Марија Гроздановска на трибина на тема „Справување со говорот на омраза“
27 април 2018
Потпишан договор за последипломски студии со Економскиот факултет од Љубљана
1 мај 2018

Наградени најдобрите матуранти од интелектуалната игра #DerzhaWIN

Интелектуалната игра #DerzhaWIN е игра на вештини, знаење, креативност, способност за снаоѓање, менаџирање со времето и интелигенција. Вкупно 25 тандеми од цела Македонија се натпреваруваа за високи стипендии на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Првото место го освоија Александра и Јована од Гевгелија, второто место го зедоа Димитар и Петар од Битола и третото место Елена и Анастасија од Виница.

Бидејќи сите матуранти имаа високи резултати, одлучивме да доделиме ваучери за сите матуранти кои ќе одлучат да се запишат годинава на нашиот универзитет. Ваучерите ќе пристигнат на нивните домашни адреси.

Учениците наместо да бидат тестирани од област која досега малку ја имаат истражувано или воопшто ја немаат изучувано, тие имаа можност преку игра да ги докажат нивните досега стекнати знаења и вештини. Резултати од интелектуалната игра #DerzhaWIN.