Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет беа помеѓу наградените по повод празникот Свети Никола. Свечената академија се одржа на 17.12.2021 во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ – Свети Николе, а наградите ги врачи градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Плакетата за МСУ беше врачена на проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ, додека плакетата на ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет ја подигнаа девојките од ракометниот клуб заедно со тренерите Илија Бетувски и Ванчо Паневски.
Плакети беа доделени на Македонска Православна Црква – Брегалничка Епархија и на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, додека Признанија беа доделени на Славче Таневски (за посебен придонес во афирмацијата на општина Свети Николе на светско ниво), ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет (за посебен придонес во областа на спортот), Светлана Цековска (за најуспешна жена претприемач), АЛГОМАК ДООЕЛ – Свети Николе (за нај општествено-одговорна компанија), Павел Русевски (најдобар спортист), Ивана Наскова (за афирмација на општина Свети Николе во областа на литературата на државно и меѓународно ниво), Доброволно противпожарно друштво Свети Николе (за посебен придонес во противпожарната заштита).
Со признанија и парични награди беа наградени и ученици во основните и средните училишта.