Промоција на книга и изложба на академската сликарка Ала Хвастунова од Русија

Плакета за МСУ и признание за ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет по повод празникот Свети Никола
18 декември 2021
На МСУ во Свети Николе промовирана книгата „Крлевизми“ од Атанас Крлевски
20 декември 2021

Промоција на книга и изложба на академската сликарка Ала Хвастунова од Русија

Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институтот за култура и уметност при МСУ и Меѓународен центар за славјанска просвета на 18.12.2021 организираа промоција на книгата ГРАФИКА АЛЛЫ ХВАСТУНОВОЙ. ПРИКОСНОВЕНИЕ К «МИРУ ИСКУССТВА» В XXI ВЕКЕ и изложба на уметнички слики од Ала Хвастунова, академска сликарка од Русија. Ова е втора изложба на Ала Хвастунова која се одржува на МСУ во Свети Николе.

Настанот беше организиран по повод празникот Свети Никола и се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

  • Во 17:00 часот се одржа промоција на книгата ГРАФИКА АЛЛЫ ХВАСТУНОВОЙ. ПРИКОСНОВЕНИЕ К «МИРУ ИСКУССТВА» В XXI ВЕКЕ која е во издание на нашата официјална издавачка куќа – Меѓународен центар за славјанска просвета. Автор на книгата е Алексеј Валентинович Попов, ликовен критичар, дипломец на Факултетот за теорија и историја на ликовната уметност во Санкт Петербург, специјалист по историја на руската и советската ликовна уметност, колекционер на уметнички слики и графики. Промотор на книгата беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ.


  • Во 18:00 часот беше отворена изложбата на уметнички слики од Ала Хвастунова. Изложбата ја отвори Владимир Хрисантов од Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, а свое обраќање имаше и проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при МСУ.