Пјотр Мистал од Универзитетот Јан Кохановски, Полска и Мухамет Исмаил Турак, Харун Ајхан, Тарик Дегирменциоглу од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим, Република Турција деновиве се во посета на МСУ во рамки на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на вчерашната посета на универзитетот (14 јуни 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.