Покана за виртуелни отворени денови на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“

Упис на последипломски студии – 2021/2022
21 март 2021
Се одржа првиот дел од циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата” на тема театар
30 март 2021

Покана за виртуелни отворени денови на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“

Почитувани идни студенти и родители,

Ве покануваме да ги посетите нашите виртуелни отворени денови. Првиот термин е на 8-ми април (четврток) од 19:00 часот. Годинава отворените денови ќе бидат организирани преку Zoom, а домаќин ќе биде нашиот студент, актерот Марјан Ѓорѓиевски.

На отворените денови ќе можете да се запознаете со нашите професори, нашите студиски програми, да добиете совет за вашите идни кариери и да научите нешто ново од областа за која сте заинтересирани.



Ќе имате можност да дознаете


  • повеќе за МСУ и условите кои ги нуди
  • искуства од наши актуелни студенти
  • искуства од веќе вработени студенти

Исто така, клучен дел од нашите отворени денови ќе бидат 5 онлајн работилници – по една за секој од нашите 5 факултети.


Теми на работилниците


  • Инфлуенсер маркетинг и дигитален маркетинг
  • Спортска психологија
  • Изработка на онлајн продавница во WordPress
  • Безбедност при работа во вода, воздух, копно
  • Студија на случај од областа на правните науки

Работилниците ќе започнат истовремено. Кога ќе започне настанот ќе можете да одберете една работилница на која ќе присуствувате.

+ giveaway
+ Виртуелна прошетка на МСУ со Марјан Ѓорѓиевски

Во прилог е Zoom линкот преку кој ќе можете да се регистрирате и да се вклучите на настанот.