Се одржа првиот дел од циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата” на тема театар

Покана за виртуелни отворени денови на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
23 март 2021
Покана за вебинар по повод Светскиот ден на здравјето
31 март 2021

Се одржа првиот дел од циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата” на тема театар

На 29-ти март во 20:00 часот премиерно започна циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата”. Првиот дел беше посветен на театарот – значајна карика во културата како тоталитет, по повод Светскиот ден на театарот (27-ми март).

Имајќи предвид дека се наоѓаме во една криза предизвикана од КОВИД-19, сакавме да се насочиме кон истражување на културата како тоталитет. Фактот дека културата се наоѓа во своевидна криза или кризата води кон (не)културна индустрија повикани сме како Институт за култура и уметност при МСУ да се вклучиме во истражувањата, толкувањата, анализите за одредување на природата на културните феномени, нивното место и улогата во човековиот општествен и индивидуален живот, посебно во време на егзистенција (човечка, психолошка, економска, културна, здравствена, етичка, морална, универзална).

Нашата интенција е насочена преку транспарентност и афирмација на мислењата на оние кои се (ин)директно вклучени во градењето на културата да и го вратиме достојното место на културата, т.е. да ја одржиме и зачуваме како највиталниот дел во иднината на човековото егзистирање.

Aвтор на проектот e проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директор на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”.



Модератор на настанот беше Татјана Алексиќ, професор по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин”.




Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, како домаќин на настанот, ја имаше таа чест своите реномирани гости и препознатливи имиња од тетарската уметност да ги потикне во име на љубовта кон театарот да проговорат за своите театарски искуства. Гости на настанот беа:

  • Благоја Чоревски Чоре, филмски и телевизиски актер, актер во Драмски театар од 1971 година.


  • Сулејман Рушити, доцент, надворешен соработник во Тетовскиот Универзитет. Режисер во гостиварскиот театар.


  • Сашко Коцев, театарски, филмски и телевизиски актер, стендап комичар и водител, вработен во МНТ


  • Софија Ристевска Петрушева, театарски режисер, вработена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” Велес, и сопственичка на приватниот Интимен Театар Битола.


  • Катерина Шехтанска, дипломиран актер и поранешна балерина, вработена во Драмски театар.


  • Марјан Георгиевски, актер, театарски режисер и стендап комичар.


Циклусот онлајн трибини подразбира сестрано вклучување на културните работници од сите дејности од земјата и од странство. Вториот дел од циклусот онлајн трибини ќе биде посветен на ликовната уметност и ќе се одржи во мај 2021.