Покана за вебинар по повод Светскиот ден на здравјето

Се одржа првиот дел од циклусот онлајн трибини „Криза во културата и/или култура во кризата” на тема театар
30 март 2021
Се одржа виртуелниот маскенбал на Институтот за култура и уметност по повод Први април
1 април 2021

Покана за вебинар по повод Светскиот ден на здравјето

Македонското научно друштво – Битола во партнерство со Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и АНИМА – центар за личен развој, психотерапија и едукација организираат Вебинар по повод Светскиот ден на здравјето. Линк до Фејсбук настанот.

Вебинарот ќе се одржи на 7-ми април од 18:00 до 20:00 часот преку Zoom, кликнете овде за да се регистрирате за настанот.



Здравство:


„Човечките ресурси – столб на здравствениот систем во време на пандемија“

Предавачи:

  • Др. Билјана Гагачовска – спец. психијатар и психотерапевт, директор на Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ Битола
  • Прим. Др. Мери Џарлиева – спец. педијатар-неонатолог

Тема: „Пост инфективен мултисистемски инфламаторен синдром кај децата со прележана Ковид инфекција“

  • Ана Бунтеска – поетеса

Тема: „Придонесот на поезијата/уметноста во подобрување на квалитетот на животот во време на пандемија“


Психологија:


„Зачувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемија на КОВИД-19“

Предавачи:

  • Вонреден професор д-р Сашо Кочанковски – психолог и Гешталт терапевт – тема: „Менталното здравје во време на пандемија со Ковид-19 – резултати од наши истражувања“
  • Вонреден професор д-р Марија Котевска Димовска – психолог и Гешталт терапевт – тема: „Улогата на емоционалната интелигенција во заштита на менталното здравје во услови на пандемија“
  • Вонреден професор д-р Мирослав Пендароски – психолог и психотерапевт – тема: „Егзистенцијалистички дилеми во психологијата на поединецот во време на пандемија“
  • Вера Димовска – Претседател на АНИМА- центар за личен развој, психотерапија и едукација – тема: „Психолошка поддршка/помош преку телефон во текот на пандемијата од Ковид-19 (наши искуства)“