Во периодот од 28.11.2019 до 02.12.2019 година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, гостуваа доц. д-р Милена Моцинова Брчкова и доц. д-р Пресијан Бургов од Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, Р. Бугарија.
Доц. д-р М. Моцинова Брчкова одржа две предавања на темите „Психоанализата како терапевтски метод“ и „Когнитивно-бихевиорална терапија“, додека доц. д-р П. Бургов одржа стручни предавања на темите „Проективни техники – Тест на тематска аперцепција“ и „Експериментално истражување на мислењето“. Предавањата се одржаа во одделенијата на универзитетот во Свети Николе и во Битола.
Доц. д-р Милена Моцинова Брчкова е актуелен декан на Филозофскиот факултет при Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, а доц. д-р Пресијан Бургов е заменик декан на истиот факултет. Стручните предавања се реализираат врз основа на Договорот за соработка меѓу двата универзитети за академската размена на предавачи за студиската 2019/2020 година.