Успешно заврши шаховскиот турнир Державин

Одржани стручни предавања од професори од Бугарија
3 декември 2019
Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан на МСУ
3 декември 2019

Успешно заврши шаховскиот турнир Державин

Антон Златков е победник на младинскиот шаховски турнир „Державин 2019“ што викендов се одигра во Битола, при што бодовно беше изедначен со Андреј Велјановски, но Златков беше подобар по „тај-брејк“ криетериумите.

Обајцата освоија по 6 бода од 7 партии, играјќи на два пати реми и пет пати победувајќи, па дури и нивниот меѓусебен меч заврши без победник. Така, на крајот судиите мораа да изберат еден од нив, па согласно пропозициите Антон Златков како играч со подобар Бухолц (збир на освоените поени од противниците со кои играл), го понесе епитетот како победник.

На натпреварот Рапид Державин победи Делфина Огњановска.

Шаховскиот турнир Опен Державин – 2019 ја собра младинската шаховска елита од нашата земја на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.