Нашиот студент Кристијан од Куманово работи како безбедносен инженер (за заштита на здравје и безбедност на работотно место) во една од најголемите светски компании, Амазон во САД. Во прилог е неговата изјава:
Јас сум Кристијан Алексовски од Куманово, магистриран инженер по безбедност при работа на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе во 2022 година. Оваа програма ми овозможи да се запознам со дејноста, т.е. како еден работник да биде заштитен од повреди на работното место. Во денешно модерно време, безбедноста при работа, особено во големите економии зазема се поголема и поголема улога во работата.
Веднаш после завршувањето на моите магистерски студии и стекнување на знаења, аплицирав во германска компанија и добив работно место како безбедносен специјалист и бев одговорен за повеќе од 50 вработени, да бидат заштитени од различни фактори на терен кои потенцијално можат да го загрозат човечкиот живот.
После неполна година работа во германска компанија и живеење во градот Гота (централна Германија), се преселив во Соединетите Американски Држави.
Аплицирав во најголемата логистичка компанија во САД, Амазон. Веднаш после 1 час од моето интервју за работа, добив работна позиција како Безбедносен Инжeнер за заштита на здравје и безбедноста на работотното место. Благодарение на магистерските студии на Меѓународен Славјански Универзитет јас го добив работното место и сега сум одговорен на сигурноста на повеќе од 150 вработени.