Со огромно задоволство и гордост ве информираме дека нашата студентка Јована Симонова беше помеѓу најуспешните спортисти за 2023 година во Општина Штип, како дел од КБК ГЛАДИЈАТОР ФАЈТ-Штип.
Признанието беше доделено на свеченост организирана од Општина Штип и Комисијата за спорт, каде што беа наградени најдобрите и најистакнатите спортисти за 2023 година.
Ние сме особено горди што Јована е дел од нашиот универзитет и сме благодарни за признанието што го доби. Упорноста и посветеноста секогаш носат успех и ваквите достигнувања се поттик за сите нас да продолжиме да стремиме кон врвни резултати, не само во спортот, но и во нашиот академски и личен живот.
Честитки Јована! Твојот универзитет те поддржува и со нетрпение очекуваме уште многу твои успеси во иднина!