Нашата студентка Билјана Серафимовска го освои Килиманџаро. Килиманџаро е највисок планински масив во Африка. Се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија.
Билјана на само 16 години го освои највисокиот врв на Алпите, Мон Блан (4.807 метри н.в.) и стана најмлада Македонка која стапнала на тој врв. Потоа го освои и Елбрус (5.642 метри н.в.) со што станала најмладата девојка на Балканот што успеала да стапне на покривот на Европа и добила признание од Руската федерација за алпинизам.
На 18 години се искачила на врвот Ајланд Пик (6.189 метри н.в.) на Хималаите. Во 2011 година, на дваесетгодишна возраст, таа беше дел од меѓународната експедиција за искачување на највисокиот врв во Ј. Америка – Аконкагва (6.962 метри н.в).