Во рамките на отворените предавања на МСУ организиравме онлајн работилница на тема „Мотивација и поставување на цели – спортска психологија“. Работилницата се одржа на 27-ми април, вторник, со почеток од 20:00 часот преку Zoom. На работилницата присуствуваа над 720 уникатни учесници.
Предавач беше доц. д-р Слаѓана Ангелкоска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Беше предвидено настанот да трае 120 минути, но бидејќи добивме многу прашања од публиката, настанот продолжи и траеше околу 200 минути.
Настанот побуди голем интерес кај спортисти во индивидуални спортови, но и кај спортисти во тимски спортови. Зборувавме за мотивацијата, поставувањето на цели и фокусирањето на нив и визуелизацијата како клучни елементи во кариерата на секој спортист.
Заклучокот од настанот беше дека потребата од спортски психолози е голема и нивната улога е клучна – тие имаат значајна улога во развојот на кариерата на спортистите и пружаат голема поддршка за справување со предизвиците.
Гости на настанот беа истакнати спортисти и наши студенти:
Гостите говореа за мотивацијата – што е она што ги мотивира, како ги поставуваат своите цели, како се фокусираат на нив, со кои пречки се соочуваат и како ги надминуваат.
Настанот се одржа бесплатно и учество можеа да земат сите заинтересирани граѓани. Учесниците ќе добијат електронски сертификат за учество на работилницата.