Студентски блог: Посета на психолог или разговор со вашата фризерка или автомеханичар – Стефанија Нофитоска

Промовиран романот „Господинот М“ од проф. д-р Јордан Ѓорчев
21 април 2021
Над 720 учесници присуствуваа на онлајн работилницата „Мотивација и поставување на цели – спортска психологија“
28 април 2021

Студентски блог: Посета на психолог или разговор со вашата фризерка или автомеханичар – Стефанија Нофитоска


Посета на психолог или разговор со вашата фризерка или автомеханичар


 од Студентски блог – студентски размислувања


Пишува: Стефанија Нофитоска, студент на факултетот за Психологија при МСУ

Психичкиот живот на човекот е доста сложен, мошне богат и динамичен. Во секојдневието често се соочуваме со падежи до дното и издигнувања се до врвот. Откако се сознаваме себеси имаме потреба да го запознаеме светот околу себе па и себе. Да направиме една ретроспектива за нашиот живот откако сме излегле од болницата во која сме се родиле па се до моментот кога и вистински ќе се сознаеме себеси односно до моментот кога сваќаме дека секој на некого е потребен на свој  начин. Па така и психолозите се потребни, разговорот со психолог не е муабет кој ќе го чуеш од комшивката разговорот со психолог не е момент од кој треба да се чуствуваме засрамено и со некоја доза на пониженост, бидејќи ако ги прашаме повозрасните генерации секако ќе не насочат на бајачи зошто „страмота е да се оди на психолог, само лудите одат таму”. Не, не е срамота да се разговара со личност која може да Ви помогне околу Вашето ментално здравје. Еден куп предрасуди кои треба да се остават во нашето минато.

Разговорот со психолог помага во развојот на нашето ментално здравје, исто како разговорот со нашиот матичен лекар кој ни дава совет како да пребродиме една мала настинка. Луѓето имаат погрешна претстава за психологијата, затоа можеби одлуката да се посети психолог е многу тешка, клучно е тоа што голем дел од населението не прави разлика помеѓу психолог и психијатар. Па да поедноставиме. Психијатар е лекар кој лечи ментални болести и препишува соодветни лекарства бидејќи посетувал медицинско училиште, додека психологот е советодавец. Психологот се стреми да советува, да бара решение за вашите проблеми кои може да вклучуваат анксиозност, депресија. Разговорот со психолог не е пријателски разговор во кој ќе се искажете, исплачете и ќе заминете дома со чувство на леснотија. Психологот е тука да ве сослуша емпатично и без осудување кога во главата Ви се мотаат милион мисли, а ниедна не е продуктивна, кога се будите полни со стравови, кога не се чувствувате доволно добри во социјалната комуникација, кога не можете да ја преболите загубата на драг човек… Но по пат на овие неколку реченици сакам да ги охрабрам луѓето да се грижат за своето ментално здравје. Постетата на психолог воопшто не е страшна, напротив може да биде многу богата со нови искуства а најмногу да се себезапознаеш, да ја отвориш душата токму на оној кој со сигурност ќе ви ја залечи раната… Доколку не ви наведов доволно причини за посета на психолог односно зошто психолозите може да ви се најдат во животот тогаш и следниот пат кажете ги вашите проблеми на вашата фризерка или вашиот автомеханичар..



Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.