На Славјански е изложена слика чиј оригинал вреди 179.365.000 долари
Оваа слика, насликана од светски познат уметник беше продадена за рекордни 179,365,000 долари на аукција која се одржа во Њујорк.
Уметничкото ремек-дело насловено “Les femmes d’Alger“ (верзија О), што на француски значи „Жени од Алжир“, е насликано во 1955-тата година, а познавачите на уметноста сигурно веќе знаат дека нејзин автор е легендарниот Пикасо.
Копија на “Les femmes d’Alger“, заедно со уште десетина копии на други дела на Пикасо, е изложена во Ресторан Москва, кој функционира во склоп на Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе. Копиите се насликани од истакнатиот македонски уметник Методија Бурзевски во 2013-тата година.