Се одржа осмото предавање од ППП – „Инклузивна училница – Од теорија до пракса“ од доц. д-р Горица Поповска Налевска
10 мај 2022МСУ одржа презентација на своите наставни програми пред матурантите од ОСУ „Мирко Милески” – Кичево
13 мај 2022На 12 мај 2022 година (четврток) се одржа 50-ти јубилеен тракторски натпревар на средните стручни училишта. Натпреварот се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, а каде домаќин беше СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе заеднички со Меѓународен Славјански Универзитет. На натпреварот учествуваа учесници од 10 средни училишта од Република Северна Македонија и имаше 128 ученици и 60 ментори по дисциплини.
Натпреварувачите се натпреваруваа во неколку категории:
- вешто возење и орање
- препознавање на коски и органи
- препознавање на семиња и плевели
- калемење
- аранжирање на цвеќе
- органско производство
Просториите на МСУ беа адаптирани согласно правилникот за потребите на дисциплините, а додека полигонот за вешто возење беше на површините на СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе.
Овој настан е една од помасовните манифестации на кои учениците можеа да ги покажат своите знаења и вештини. Во рамките на натпреварот се одржаа и презентации на монографии и проекти реализирани од повеќе училишта.
Им честитаме на најдобрите и им посакуваме успешна иднина!