Проф. д-р Јордан Ѓорчев зема учество на научната конференција „Образование во XXI век во состојба на неизвесност: традиционализам, иновации, мулти-векторност на развојот“
20 октомври 2020Конкурс за мобилност на студенти програмата Еразмус+
26 октомври 2020На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе денес беше отворена изложбата „Есенските бои на Македонија“ која е заеднички организирана од Меѓународен Славјански Универзитет и Институтот за култура и уметност.
„Есенските бои на Македонија“ е осмислена како тематска изложба посветена на убавините на Македонија прикажани низ очите на уметник од Македонија и уметник од Русија. Уметниците кои ги насликаа изложените дела се Новица Трајковски (Македонија) и Ала Хвастунова (Русија).
На отворањето на изложбата свои излагања имаа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ, и проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при МСУ. Изложбата се одржа на отворено пред Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.