На ден 11.03.2022 година во просториите на МСУ се одржа собир на Здружението на средни училишта од земјоделско-ветеринарна струка „Тера-Фитон-Анимал“ и беше постигнат договор за престојниот 50-ти јубилеен натпревар на средните земјоделско-ветеринарни училишта, наречен како тракторски натпревар.
На собранието се разгледа досегашното работење на здружението и беше избрано ново раководство. За нов претседател беше избран Игор Николов, професор во СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе. Беа разгледани и активностите на здружението за претстојниот период.
Претстојниот 50-ти јубилеен натпревар ќе се одржи во Свети Николе, каде домаќин ќе биде СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе со помош на Меѓународен Славјански Универзитет. На подготвителниот состанок беа разгледани дисциплините во кои ќе се натпреваруваат од 10 училишта од Р. С. Македонија. (вешто возење и орање на органско производство, препознавање на коски и органи, препознавање на семиња и плевели, калемење и аранжирање на цвеќе). Натпреварот ќе се одржи на 12.05.2022 година на МСУ.